За најинспиративниoт бриф, гратис креатива!

- Advertisement -

Кликер Маркетинг подготви интересен конкурс, кој треба да им помогне и да ги охрабри компаниите во реализацијата на идните планирани кампањи.  Токму затоа ги  повикува сите заинтересирани компании да ги стартуваат подзаборавените генијални идеи.

Моменталната ситуација, која не затече сите, не’ натера брзо да се прилагодиме на околностите и да размислиме како може да помогнеме. Јасно ни е дека маркетинг активностите на многу компании се одложени, но сметаме дека сега е вистинскиот момент да се подготват идните кампањи. Затоа и ги предизвикуваме и им нудиме уникатна можност да добијат бесплатен дизајн за нивната следна кампања” –  појаснуваат од Кликер Маркетинг.

- Advertisement -

Доколку имате нов производ подготвен за исклучително графичко решение, или пак имате потреба од нова online или offline кампања за постоечките производи и услуги, или пак можеби имате потреба од редизајн на Вашата интернет страница со подобрени функционалности, тогаш подгответе во/го Вашиот креативен бриф и испратете ни го  на dare_us@kliker.mk

Она што треба да го направите е: да се претставите, да кажете кој е рокот до кога треба креативата да биде комплетно готова, како и да го наведете рокот за имплементација на проектот.

- Advertisement -

Единствениот услов за учество на конкурсот е проектот со кој ќе се аплицира да биде реазлизиран до крајот на 2020 година.

Креативниот бриф треба да се испрати најдоцна до 25 април 2020 (до 12 часот) на dare_us@kliker.mk. Компанијата со најинспиративниот креативен бриф, ќе добие одговор најдоцна до 30 април 2020, а за сите останати компании Кликер Маркетинг ќе најде дополнителни начини и услови за реaлизација.

Сподели!
- Advertisement -