Додека глобалната економија тоне, основачот на Amazon, Џеф Безос, секој ден е се побогат

- Advertisement -

Пандемијата на корона вирусот ги затвори луѓето дома и ги промени нивните навики. Наместо одење во продавница, тие најголем дел или целата набавка на продукти ја вршат преку интернет. Затоа, додека речиси сите индустрии бележат загуби и мора да отпуштаат луѓе, а некои веќе ги затворија своите компании, расте популарноста на компаниите насочени на онлајн-трговија и поврзани со индустријата за достава.

Бидејќи сега сите купуваат се онлајн, расте и вредноста на еден од пионерите и сегашен лидер меѓу е-трговците во светот, Amazon. Додека Безос отпушта луѓе кои протестираа поради незадоволителните услoви за работа и непочитувањето на законите, од друга страна најави вработување на дури 175.000 нови работници во складиштата и за достава за да се задоволи се поголемата побарувачка.

- Advertisement -

Одличната работа на Amazon се одрази и на ситуацијата на берза, па после растот од 5% на вредноста на акциите на 5%, пазарната вредност на компанијата се покачи на 1,1 трилиони долари. Со порастот на вредноста на акциите на Amazon се зголемува и богатството на и онака најбогатиот човек во светот. Така, Џеф Безос вчера го зголеми своето богатство за 6,3 милијарди долари. Неговото богатство од почетокот на годинава досега се зголеми за вкупно 24 милијарди долари.

Освен моменталната ситуација, инвеститорите веруваат дека Amazon има одлична позиција и за во иднина затоа што кога ќе се ублажат мерките за изолација и карантин, луѓето тешко ќе се вратат на старо и нема веднаш да потрчаат во продавница како порано. Дел од нив поради претпазливост ќе продолжат да купуваат само преку интернет.

- Advertisement -

Но, додека расте цената на акциите на компанијата, како и побарувачката за нивните услуги, вработените во Amazon сметаат дека Безос не презема доволно мерки за да ги заштити од корона вирусот. Затоа сега Безос работи на создавање посебна лабораторија за тестирање исклучиво на вработените во Amazon за присуство на корона вирусот.

Сподели!
- Advertisement -