Подравка ја отвори најсовремената прехранбено-технолошка лабораторија за сензорски и кулинарски истражувања!

- Advertisement -

Едни од најубавите вкусови во кујната и на трпезата се вкусовите потпишани од брендот “Подравка“. Но, пред тие да стигнат до нашите сетила поминуваат долг пат на истражување, тестирање и експерименитирање.
Неодамна, по повод 100-годишнината од раѓањето на професорката Злата Бартл, една од најзначајните личности во богата историја на Подравка, се отвори најсовремената прехранбено-технолошка лабораторија во регионот.

Во лабораторијата за напредни сензорски и кулинарски истражувања ќе се развиваат кулинарски прототипови и ќе се тестираат нови вкусови со најмодерни сензорски методи. Со ваквиот пристап ќе се даде поддршка во развојот на нови производи со создавање вкусови на брз и ефикасен начин со користење дигитални алатки.

Одбележување на 100-годишнината од раѓањето на професорката Злата Бартл

Лабораторијата е опремена со најсовремена мултимедиска опрема и кулинарски уреди (од стандардни ладилници, фурни, печки до 3Д принтери за храна) и освен оперативна поддршка, создава основа за истражувачки проекти во нутриционизмот, сензорските науки и високата гастрономија.

- Advertisement -

Врз основа на она што ни го оставиле претходниците, наша обврска е да градиме успешна, модерна и авангардна Подравка, лидер на хрватската индустрија. Со отворање на оваа современа лабораторија ја искажуваме нашата благодарност и почит кон Злата Бартл и кон сите генерации пред нас. Да покажеме дека се цени знаењето кое создава нови вредности и отвора нови можности, дека имаме производи кои се продаваат на пет континенти и дека знаеме каде одиме затоа што знаеме од каде доаѓаме“, истакна претседателот на управата на Подравка, Марин Пуцар.

Пред самото отворање на лабораторијата беше одржат и стручен панел „Залакот на иднината – персонализирано производство на храна за глобалниот пазар“ на кој учествуваа: Јасмина Рахиловиќ, директорка на одделот за истражување и развој во Podravkа, Дејвид Метју Смит, управител на Институтот Руѓер Бошковиќ, Ирена Цолиќ Бариќ од Прехранбено-биотехнолошкиот факултет и Златко Новак, професионален готвач и капетан на Хрватската готвачка репрезентација, кој неодамна се врати со освоени награди од Кулинарската олимпијада. Се дискутираше за прехранбените тренводи, беше истакната важноста на едукацијата oд најрана возраст и иднината на прехранбената индустрија и исхраната генерално.

- Advertisement -

Персонализираната исхрана, како и медицината е она што не очекува во иднина. Нутриционизмот и сензориката тука играат битна улога. Важно е да се поврзат научната заедница и производствениот сектор, да се истражува и да се води грижа не само за луѓето, туку и за околината за да се произведе храна која потрошувачите ќе ги задоволи од сите аспекти“, истакна Јасмина Раниловиќ.

Сподели!
- Advertisement -