Харвард: 5 правила за работење од дома

- Advertisement -

Изминативе месеци се се врти околу корона вирусот. Оваа новооткриена болест, која предизвика пандемија, целосно го смени начинот на кој живеевме и не натера да се изолираме во сопствените домови.

Но, тоа не значи дека работата мора да сопре. Многу професии извршуваат активности кои може да се работат од дома, па Бизнис школата на Харвард реши со нас да сподели неколку совети како да бидете најпродуктивни ако работат во домашни услови.

- Advertisement -
  1. Ако менаџирате со други луѓе, фокусирајте се на резултатите, а не на самите активности. Не смеете постојано да ги контролирате луѓето затоа што тоа само ќе им покаже дека немате доверба во нив. Наместо тоа, зададете ги крајните цели и мерете го аутпутот.

2. Истражувањата покажуваат дека работењето на далечина ја подобрува продуктивноста на долг рок, денес сите се соочуваме со многу работи. Затоа, бидете трпеливи додека луѓето се навикнат на новата ситуација.

3. Покажете емпатија кон другите. Дајте им до знаење на луѓето дека сфаќате дека сите сме заедно во оваа криза и дека се грижиме за безбедноста на нашите најблиски, за семејството.

- Advertisement -

4. Навикнете се да работите во различно време. Вработените кои работат од дома не мора сите да работат во исто време одеднаш како да се во канцеларија. Лидерите треба да поттикнат флексибилно работно време за вработените да можат да направат распоред на своите домашни и работни обврски.

5. „Издувајте“ се малку. Направете пауза за кафе или по завршувањето на работата напијте се заедно нешто пожестоко. За да се изборите со заморот кој се чувствува ако подолго време гледате во екран, правете паузи, преспивајте или пешачете во текот на денот.

- Advertisement -

Пред стартот на пандемијата, само 5% од вработените во САД и во Европа работеа од дома на редовна основа, а сега милиони луѓе ширум светот се прилагодуваат на новиот професионален живот.

Фото – needpix.com

5 rules for working from home from Harvard Business School

‘Take time to empathize.’ 📕 Read more: https://buff.ly/3e8qvPe

Posted by World Economic Forum on Петок, 10 април 2020
Сподели!
- Advertisement -