Италија ќе биде во карантин цел април

- Advertisement -

Италијанската влада одобри нов пакет анти-ковид мерки кои го потврдуваат она што веќе го најавија медиумите – во април целата земја ќе остане во режимот на умерено тешки и тешки епидемиолошки ограничувања. Тоа значи забрана на движење и посети, со исклучок на деновите за Велигден, кога е дозволено по двајца од едно домаќинство да посетат друго домаќинство.

Остануваат затворени баровите, рестораните освен за достава до дома, спортските сали, театрите, музеите, теретаните, фризерските салони. На сила останува полициски час од 22ч до 5ч наутро наредниот ден и забрана за патување меѓу регионите.

- Advertisement -

Новина во однос на претходниот период, кога мерките беа слични на целосно затворање, е тоа што почнува директната настава во основните училишта. Во втората половина од април повторно ќе биде разгледана епидемиолошката ситуација и ако тоа го дозволуваат условите, ќе се олабават некои мерки.

Во коалиционата влада составена од десниот и левиот центар договорот за новите анти-ковид мерки не беа постигнати ни брзо ни лесно. Лидерот на партијата Лига, Матео Салвини, повтори дека неговата партија ги поддржува мерките само ако предвидуваат наскоро отворање на производните активности.

- Advertisement -

(akta.ba)

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -