Adeva ја лансираше алатката Techtion која им помага на стартапите подобро да регрутираат IT таленти

- Advertisement -

Македонскиот стартап Adeva ја лансираше својата алатка наречена Techtion, којашто има за цел да им помогне на стартапите во Македонија подобро и поефикасно да регрутираат IT таленти.

Алатката вклучува листа со околу 200 технички прашања за интервју од седум различни области од IT индустријата како PHP, JavaScript, Android, iOS, Git, Python и Java.

- Advertisement -

„Сите знаеме дека тимот е клучен дел од еден стартап, но често пати стартапите имаат проблем при поставување на нивната стратегија за вработување и проценување на кандидатите. Ова е особено проблематично при вработување на првите членови на тимот. Со Techtion, се обидовме да направиме една едноставна алатка што би им помогнала на стартапите при формирање на нивната HR стратегија, а во исто време би им помогнала на девелоперите да се подготват за интервју“ изјави Катерина Трајчевска, соосновач на Adeva.

Покрај тимот на Адева, во проектот се вклучија и програмери од македонската IT заедница кои со својата експертиза придонесоа за креирање на самата листа на прашања.

- Advertisement -

Производот на Adeva моментално се натпреварува на платформата ProductHunt за пласман во топ 5 места во категоријата „производ на денот“, па креаторите повикуваат на поддршка од македонската IT заедница.

Доколку и вие сакате да ги поддржите, гласајте за производот на следниот линк.

Сподели!
- Advertisement -