Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика попладнево ја објави својата одлука во врска со новите цени на горивата. Според одлуката, акцизите на горивата се зголемуваат за 3,00 денари, а малопродажните цени на нафтените деривати почнувајќи од ноќеска на полноќ ќе се зголемат во просек за 3,12%.

Согласно одлуката, од ноќеска на полноќ цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат по 3.50 денари за литар. Тоа значи дека новите цени ќе бидат 52.00, односно 54.00 денари за литар соодветно.

- Advertisement -

Литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава пскапо за 1,50 денари и новата цена ќе изнесува 46,50 денари за литар.

Сподели!
- Advertisement -