Милијардерот Ричард Бренсон нуди остров за да ја спаси својата авиокомпанија од пропаст

- Advertisement -

Биртанскиот милијардер Ричард Бренсон изјави дека ќе го залоши својот приватен остров за да ја спаси својата авиокомпанија Virgin Atlantic од пропаст затоа што му е неопходна помош од бротанската влада. Имено, медиумите известија дека втората по големина австралиска авиокомпанија Virgin Australia ќе побара од судот заштита од доверителите, односно ќе почне стечајна постапка.

Одлуката за стечај ја донел Управниот одбор на компанија откако останале без ликвидни средства после енормните загуби предизвикани од прекинот на авиосообраќајот како резултат на корона кризата.

- Advertisement -

Од Virgin Atlantic презеле неколку мерки за намалување на трошоците за да се спречи колапс. Компанијата со седиште во Велика Британија објави минатиот месец дека до 26 март ќе приземји 75% од својата флота и дека тој процент ќе се зголеми на 85% во април.

Авиокомпанијаѕа соопшти и дека ќе побара од персоналот да земе 8 недели неплатено отсуство во текот на наредните три месеци за да се избегне намалување на бројот на вработени. Во отворено писмо до целата Virgin групација Бренсон порача дека ќе го заложи својот остров Некер, на кој живее, за да ја спаси авиокомпанијата.

- Advertisement -

„Како и кај останатите имоти кои ги поседуваат компаниите, нашиот тим ќе се обиде да собере што повеќе пари на име на островот за да сочуваме што повеќе работни места во групацијата“ изјави Бренсон.

Островот на Бренсон се наоѓа во Девствените Острови. Има површина од околу 30 хектари, а работи како ресорт кој може да прифати околу 30 гости.

- Advertisement -

Светската авиоиндустрија е силно погодена од корона вирусот, кој ги примора државите ширум светот да воведат строги ограничувања кога се во прашање патувањата. Експерти од индустријата предупредуваат дека многу светски авиокомпании може да пропаднат до мај како последица на пандемијата.

„Имаме повеќе од 70.000 луѓе во 35 земји кои работат за компании од групацијата Virgin. Правиме се што е во наша моќ за тие компании да продолжат да работат. Видов многу коментари за мојата нето-вредност и дека можам да ги искористам тие пари за да ги спасам компаниите. Тоа е вкупната вредност на сите Virgin компании пред оваа криза, а не готовина на сметка која може да ја подигнам“ објасни Бренсон.

Според магазинот Forbеs, Бренсон има нето-богатство во вредност од 4,4 милијарди долари.

Сподели!
- Advertisement -