Наумов: „Ковид 2“ пакетот за фирми е без ограничување на дејности

- Advertisement -

Повикот за кредитирање на компании од пакетот „Ковид 2“ на Развојната банка се очекува да биде објавен денеска. Тој ќе биде пообемен и ќе нема ограничување на дејности. Преку него ќе може да се аплицира за најмала сума од 3.000 евра, а најмногу до 90.000 евра.

Директорот на Развојната банка Кире Наумов завчера изјави дека огласот ќе биде објавен денеска, но оти аплицирањето ќе почне од вторник.

- Advertisement -

„Со „Ковид 2“ не ограничуваме ниту една дејност. Овој кредит ќе биде на три години и ќе има грејс период од 12 месеци, а единствениот услов кој ќе треба да го исполнат компаниите е да имаат намалување на приходите за 30 отсто споредено со истиот месец во 2019, или пак со вкупниот месечен приход од 2019 година. Ќе го објавиме во петок, но ќе се аплицира од вторник за да може компаниите да ги приберат документите“, рече Наумов.

Се уште трае и огласот за кредитирање на микро компаниите наречен „Ковид 1“ за кој досега пристигнати се 1.300 апликации за износ од околу девет милиони евра.

- Advertisement -

„Уште трае огласот и прибираме апликации. Просечниот кредит по компанија е околу 8,5 илјади евра. Доминантно се кредитни апликации до пет илјади евра и очекуваме дека ќе можеме да поддржиме над 600 компании со вкупно 6 до 7 илјади вработени, изјави Наумов.

Сподели!
- Advertisement -