Грчкиот министер за турзам Харис Теохарис изјави дека за летување ов Грција годинава ќе биде потребна т.н. корона патна исправа, односно посебен пасош кој го промовираат. Како што објасни, тоа е метода за безбеден влез во земјата.
Притоа, тој се повика и на консултациите кои се одвиваат во Европската унија во моментот за тоа како секој европски граѓанин кој сака да патува мора да помине посебни тестови за корона вирусот.
Се проценува дека туризмот во Грција ќе има пад од 50%, а земјата не очекува гости надвор од Европа. Грчката влада најави постепено укинување на мерките за ограничување на движењето од 4 мај натаму, а процесот би требал да заврши до крајот на јуни.
Туристичката сезона очекуваат да започне во јули и да трае и во август и во септември, а постои можност и да се продолжи во октомври, па дури и во ноември. Поради пандемијата на корона вирусот, Грција забрани влез во земјата за сите патници надвор од Европа, а ги забрани и летовите од шест европски земји – Турција, Велика Британија, Холандија, Шпанија, Италија и Германија. Тие забрани ќе важат до средината на мај.