Кредиторите од Парискиот клуб и приватниот сектор се согласија на вонреден он-лајн состанок за соработка во иницијативата за намалување на долгот на најсиромашните држави почнувајќи од денеска.
Парискиот клуб и Меѓународниот институт за финансии (ИМФ), во кои се повеќе од 450 банки, хеџ фондови и други финансиски институции, објавија дека пандемијата на коронавирус создаде особено тешка состојба за најсиромашните земји, од кои многу се оптоварени со високиот надворешен долг.
Парискиот клуб и ИМФ се согласија да соработуваат за поддршка на иницијативата за запирање на плаќањата на долговите, одобрена од Парискиот клуб и Г-20, објавија двете институции во коминике.
Групата Г-20 на 15 април објави дека се договорила со Парискиот клуб да нема плаќање на долговите од 77 најсиромашни страни од 1 мај до крајот на годината, поради пандемијата од Ковид-19.
ИМФ објави тогаш дека ќе им препорача на кредиторите од приватниот сектор да учествуваат во иницијативата на доброволна основа.
Потребни се многу поважни чекори, вклучително и реструктуирање и бришење долг, со оглед на тешките економски услови предизвикани од пандемијата, велат експертите.
Париз, 1 мај 2020 (MИА)