Европската вселенска агенција сака да гради автопатишта на Месечината

- Advertisement -

Кога астронаутите повторно ќе се вратат на површината на Месечината, веројатно повеќе ќе возат отколку што ќе одат пеш, а за возењето да биде безбедно и брзо, ќе им требаат брзи и рамни патишта на кои нема да има од фината, абразивна и леплива Месечева прашина која во времето на Apollо ја запушила опремата и ги нагирзала вселенските костими.

Имено, кога лунарниот ровер Apollо 17 го изгубил задниот браник, возилото било толку покриено со прашина што постоела опасност да прегрее, се додека астронаутите не импровизирале поправка со помош на рециклирани линарни карти, а советскиот ровер Lunohod 2 се расипал токму поради прегревање кога радијаторот му се прекрил со прашина.

- Advertisement -

Од таа причина, Европската вселенска агенција стартуваше проект наречен PAVER, кој се занимава со создавање површина погодна за сообраќање со топење на симулирана Месечева прашина со моќен ласер, како што можете да видите од видеото во прилог.

Идејата за топење песок за изработка на патишта прво беше предложена на Земјата во далечната 1933 година, а изводливоста на асфалтирањето со стопен реголит на голема површина го истражи германскиот институт BAM во соработка со Универзитетот Ален од Германија, компанијата LIQUIFER Systems Group во Австрија и германскиот Технолошки универзитет Клаустал.

- Advertisement -

Конзорциумот PAVER употребил ласер со јаглерод диоксид од 12 киловати за топење на симулирана Месечева прашина во стаклена цврста површина, како начин за конструирање поплочени површини на Месечината.

Тие осмислиле стратегија со помош на ласерски зраци со дијаметар од 4,5 см за производство на триаголни геометриски форми со шуплив центар. Тие би можеле еѓусебно да бидат поврзани за да создадат цврсти површини на Месечевото тло кои може да послужат како патишта или платформи за слетување.

- Advertisement -

Тимот проценува дека платформа за слетување од 100 квадратни метри со дебелина од 2 см од густ материјал би можела да се направи за 115 дена, додека за изградба на патна инфраструктура на Месечината уште нема никакви проценки затоа што за тоа веројатно треба уште подобра технологија.

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -