Цукерберг има алтернатива за апликацијата Zoom – во нивните „виртуелни соби“ ќе може да разговараат 50 луѓе

- Advertisement -

Корона вирусот ги затовир канделариите на многу компании ширум светот, а луѓето кои почнаа да работат од дома комуницираат со колегите, шефовите и бизнис партнерите во вируелен свет. Најпопуларната апликација за видео и конференциски разговори се покажа Zoom, додека дел од компаниите и корисниците во секојдневната комуникација користат Skype, Microsoft Teams и други апликации.

Оваа ситуација сака да ја искористи и Facebook, па затоа на крајот на минатата недела ја претстави опцијата Messenger Rooms за комуникација на поголем број корисници преку видео – дури 50. Од компанијата на Марк Цукерберг коментираат дека во март е забележана голема побарувачка за за видеоразговори во реално време и повици преку Messenger и WhatsApp секојдневно правеле повеќе од 700 милиони луѓе.

- Advertisement -

Messenger Rooms на почетокот е достапен на ограничен број пазари, а во текот на идните недели ќе го има во поголем број земји. Преку оваа опација корисниците преку компјутер или преку апликацијата Messenger ќе можат да стартуваат вирутелна соба за видеочет и да побикаат до 50 луѓе да им се приклучат. За учество во групните разговори нема да биде потребно да имате профил на Facebook туку ќе треба само да одговорите на поканата од пријател за разговор. Исто така, корисниците ќе можат да ги споделуваат тие соби за групен видеочет како објава на својот профил на Facebook или во некоја група на таа социјална мрежа.

При најавувањето на новата опција Цукерберг истакна дека се обиделе да си ја научат лекцијата следејќи ги проблемите кои ги имале другите компании, па посветиле големо внимание на безбедноста и приватноста на корисниците. Така, корисниците ќе можат да ги „заклучат собите“, да контролираат кој може да им се придружи и да исфрлат некои учесници, а може и да пријават некоја „соба“ за кршење на правилата на користење на социјалната мрежа.

Сподели!
- Advertisement -