7 милиони туристички работници во Европа ќе останат без работа поради корона вирусот

- Advertisement -

Дилемите за тоа каде ќе одиме летово на одмор годинава се подредени на многу посериозен проблем – пандемијата на корона вирусот. Европа годинава се соочува со пашањето на својата егзистенција. Европскиот туристички сектор вработува 22,6 милиони луше, што е еднакво на 11,2% ов скупниот број вработени во ЕУ и е одговорен за 9,5% од економијата во овој блок од земји. Во Шпанија и во Италија, двете земји кои сенајмногу погодени од корона вирусот, придонесот на туризмот во националната економија е уште поголем – 14% во Шпанија и 13% во Италија.

Карантинот и забраните за патување до Европа и од Европа го уништија туристичкиот сектор. Европската комисија проценува дека пандемијата ќе ги преполови приходите на хотелите и рестораните, патниќките агенции ќе изгубат до 70% од приходите, додека компаниите кои нудат крстосувања и авиокомпаниите ќе изгубат до 90% од приходите.

- Advertisement -

Се очекува дека вкупно 50 милиони луѓе од туристичкиот сектор ќе ја изгубат или ја узгубиле својата работа, од кои 7 милиони се во Европа. Главниот проблем е што никој не знае кога повторно ќе се отворат границите. Очигледната опасност од дозволување на гужви на плажите оваа летна туристичка сезона е повторно разгорување на пандемијата. Всушност, токму зимските одмори помогнаа за поголем замав на првиот бран од заразата.

„Ке го развиваме домашниот туризам. Има многу места за откривање. А зошто? Затоа што некои региони се повеќе погодени од вирусот отколку други. Мора отворено да зборуваме. Тие нема да се отворат со истото темпо како некои други“ вели Тиери Бретон, кој е комесар за внатрешен пазар во ЕУ.

- Advertisement -

Италијанскиот премиер Џусепе Конте изјави дека неговиот туристички план е да им каже на Италијанците да одат на одмор во Италија. Но, барем засега, дури и после 4 мај, кога ќе се ублажат некои рестрикции во Италија, Италијанците нема да смеат да патуваат надвор од регионите. Франција ќе примени слични мерки и ќе го ограничи движењето меѓу регионите.

Грција сака да воведе посебен корона пасош кој ќе биде доказ дека туристите го немале вирусот или го прележале и повеќе не се заразни. Португалија исто така полага надеж во меѓународните туристи, додека Австрија зема билатерален пристап – ќе им дозволи на туристите да патуваат ако одат во земја кои добро менаџираат со сегашната ситуација.

- Advertisement -

Во Европа има вкупно околу 3 милиони бизниси кои се занимаваат со туризам, од кои 90% се мали компании со по десетина вработени и зависат од сезонски работници.

Сподели!
- Advertisement -