Американски научници направија тест кој го открива корона вирусот пред болниот да стане заразен

- Advertisement -

Научници кои работат за американската војска дизајнираа нов тест за КОВИД 19 кој потенцијално би можел да ги идентификува луѓето кои се позитивни на вирусoт и пред тие да станат заразни. Доколку американската Агенција за храна и лекови даде дозвола за користење на тестот, производството би можело да започне на средината на овој месец.

Координаторите на проектот се надеваат дека со овој тест ќе може да се открие присуството на вирусот само 24 часа после инфицирањето, што е четири дена порано отколку што сегашните тестови можат да го откријат корона вирусот.

- Advertisement -

Новите тестови може да имаат значајна улога во спречување на ширењето на вирусот со оглед на тоа дека го идентификуваат вирусот пред заразенито да добие симптоми и да стане преносител на заразата.

Тестот е резултат на порано стартуваниот проект на Воената агенција за напредни истражувачки студии на полето на одбраната (DARPA), кој имал за цел брза дијагноза на хемиско труење и зарази во воени услови. Откако изби епидемијата на КОВИД-19 проектот итно е пренасочен на изработка на тестови за корона вирусот.

- Advertisement -

За една недела отсега се очекува Агенцијата за храна и лекови да го одобри тестот. Ако тестот биде одобрен, производството во САД треба да започне во втората половина од мај, а од DARPA велат дека се разположени да го споделат тестот со сите кои сакаат да го имплементираат во други држави. Досегашните истражувања покажале дека нивото на прецизност на тестот е 95%.

Сподели!
- Advertisement -