Македонска берза започнува со редовно време на тргување

- Advertisement -

Македонска берза преку соопштение на својот сајт објави дека го враќа редовното време на тргување до 14:00 часот.

“Согласно барањето на Комисијата за работење со хартии од вредност при Македонската банкарска асоцијација, а поради зголемување на работно време во банките/брокерските куќи, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за враќање на редовното време на тргување на Берзата, согласно која, почнувајќи од 04.05.2020 година, времетраењето на тргувањето со хартии од вредност наместо до 13:00 часот ќе трае до 14:00 часот. Соодветно на оваа измена направени се измени и прилагодувања на сите пропишани временски распореди во рамките на денот на тргување”, се вели во соопштението.

Сподели!
- Advertisement -