Бил Гејтс објасни кој и кога ќе ја прими првата вакцина против корона вирусот

- Advertisement -


Кога ќе имаме речиси совршен лек за КОВИД-19 или кога секоја личност на планетата ќе биде вакцинирана против корона вирусот, тогаш светот ќе може да се врати на она што беше пред пандемијата, напиша милијардерот Бил Гејтс на сајтот на неговата фондација.

Тој напиша дека едно е решение кој е чудесен лек кој не е реален, а друго решение е вакцина. Гејтс напиша дека светот ја создава оваа вакцина во историски краток рок затоа што периодот на развој обично трае и до пет години. Тој се сложува со Ентони Фаучи дека ќе бидат потребни година и пол за да се направи вакцината.

- Advertisement -

Во опширниот текст кој го опишува настанувањето на вакцината Гејтс доаѓа до момент што ќе се случи кога ќе дојде до вакцината. Тој вели дека за тоа ќе бидат потребни месеци или дури години да се направат 7 милијарди дози. Тој се сложува дека првата серија треба да ја примат здравствените работници, но се прашува што потоа.

Според Гејтс, наредни треба да бидат сиромашните земји затоа што луѓето ќе бидат изложени на многу поголем ризик да умрат. „КОВИД-19 многу побрзо ќе се шири во сиромашните земји затоа што е потешко да се спроведат мерки на социјално дистанцирање. Многу луѓе имаат лоша здравствена состојба, па се подложни на компликации, а слабите здравствени системи ќе го отежнат добивањето нега која им е потребна. Добивањето вакцина во сиромашните земји може да спаси милиони животи. Добрата вест е дека веќе имаме организација која знае како се прави тоа“ пишува Гејтс.

- Advertisement -

Тој додава дека во договор со Светската здравствена организација и националните здравствени власти ќе се најде начин тоа рамноправно да се распореди во светот.

„На крајот вакцината ќе стане достапна за сите. И тогаш ќе можеме да се вратиме во нормала и се надеваме дека се донесат одлуки кои ќе спречат повторно да се најдеме во оваа ситуација“ напиша Гејтс.

Сподели!
- Advertisement -