Поради пандемијата, најголемата европска авиокомпанија губи милион евра секој час

- Advertisement -

Авиокомпанијата Lufthansa и понатаму преговара со германската влада за извлекување од кризата во која влезе за да избегне банкрот, но во исто време да не дојде до преголемо влијание на владата врз компанијата. Најголемата авиокомпанија во Европа го одржа првиот општ состанок, а на него беше откриено дека во првиот квартал од годинава изгубиле 1,2 милијарди евра.

Ианку глобалната авиоиндустрија се најде во жариштето на пандемијата на корона вирусот и претрпе најголеми штети. Lufthansa одби да одговори на прашањата за акционерите, а минатата недела беше најавено дека за делот од бизнисот во Швајцарија тамошната влада е спремна да гарантира за 85% од 1,5 милијарди долари, колку што и се потребни.

- Advertisement -

Lufthansa поседува компании во Германија, Австрија и во Белгија. Der Spiegel најави дека Lufthansa преговара со германската влада за помош од 10 милијарди евра, за возврат на што владата би добила 25,1% удел во компанијата и место во надзорниот одбор. Од Lufthansa не го коментираат тоа, но во писмото кое им го испратија на вработените на 3 мај пишува дека компанијата верува дека наскоро ќе се завршат преговорите.

Аналитичарите, пак, се загрижени дека вклучувањето на владата ќе му наштети на планот на Lufthanzа за реструктурирање, со кој се планира кратење на флотата за 13%, а 10.000 луѓе би останале без работа. Околу две третини од персоналот на Lufthanzа, односно околу 80.000 луѓе работат со скратено работно време.

- Advertisement -

Извршниот директор на компанијата, Карстен Спор, изјави дека Lufthansa сака да ја зачува претприемничката слобода за одлучување и делување.

Ние сега бараме поддршка од владата, а не и нејзин менаџмент. Lufthansa губи по 1 милион евра на час. Сите наши напори се уништени со еден настан на глобално ниво. Никој не можеше да го предвиди ова“ истакна Спор.

- Advertisement -

Повеќе големи авиокомпании од Европа и од САД се погодени од корона кризата и побараа помош од државите за да опстанат. Европските авиопревозници објавија дека ќе отпуштат од работа 35.000 луѓе.

„Ќе се сменат навиките на луѓето како за одмор, така и за работа. Затоа ќе мора да се реструктурира и воздушниот превоз“, додаде Спор.

Сподели!
- Advertisement -