Европската комисија прогнозира пад на македонската економија од 3,9%

- Advertisement -

Европската комисија прогнозира дека македонската економија ќе претрпи посилен удар од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот од предвидувањата на Владата и Народната банка. Земјава ќе се соочи со пад на економијата од 3,9 проценти, ќе расте дефицитот, невработеноста и јавниот долг, а најпроблематичен ќе биде извозот.

Анализите на комисијата покажуваат дека поради епидемијата од коронавирусот и превзементите мерки приходите во Буџетот оваа година ќе се намалат за 25 отсто. Европската комисијата соопшти дека дефицитот во Буџетот ќе биде 6,8 проценти што е речиси двојно повеќе од прогнозите на народната банка и гувернерот Бежовска кои излегоа со инфромација дека тој ќе изнесува 3,2 проценти.

- Advertisement -

Како последица од пандемијата на коронавирусот и мерките кои беа воведени не само во Македонија туку во речиси сите држави во Унијата ќе се зголеми стапката на невработеност за и таа се проектира на 18,1 процент за разлика од сегашните 17,3 проценти.

Народната банка во најновите проекции предвидува дека економијата годинава ќе падне за 3,5 проценти, а доколку има втор бран на здравствената криза и дополнителен пад на странската побаратувачка, можен е нов удар од 2,3 проценти. Министерството за финансии пак проектираше пад на БДП за годинава од 3,4 проценти.

- Advertisement -

Европската комисија е на ставот дека колку ќе биде погодена економијата зависи исклучиво од траењето на кризата со коронавирусот и мерките кои се на сила, а доколку таа потрае тие сметаат дека ќе биде потребен и ребаланс на Буџетот.

Фото – commons.wikimedia

Сподели!
- Advertisement -