КОВИД-19 може засекогаш да го искорени ракувањето од нашата култура

- Advertisement -

Ракувањето почнало пред повеќе векови како симбол за мир, како еден гест за да се покаже дека не се држи оружје во рацете и со тек на време ракувањето станало дел од речиси секоја социјална, професионална, бизнис и спортска средба.

Но, новиот корона вирус не натера да се преиспитаме дали ни е навистина потребно. Без разлика колку сме пријателски настроени, ракувањето сега е потенцијален извор на инфективни микроорганизми.

- Advertisement -

Рацете се како еден вид крстосница каде што постојано има метеж, која ги поврзува нашите микробиоми со микробиомите на други луѓе и предмети, велат научниците. Според нив, рацете се критичен вектор за пренесување на микроорганизми, вклучително и вируси.

Но, ако ракувањето е автоматски прифатливо, што ќе го замени тој гест со соцјалната етикета во оваа доба после короната? Можеби удирање со лакот или со тупаница? Можеби традиционалното јапонско поклонување или подигање на капа? Човекот е социјално суштество и кога ќе се сретнеме едни со други ние го користиме нашиот најголем орган – кожата – за да се поздравиме. Во екот на корона вирусот станува јасно дека допирањето гола кожа со туѓа гола кожа е навистина интимен гест.

- Advertisement -

Ракувањето е голем дел од нашето општество – од бизнис состаноците до спортските настани. Но, нашите дланки имаат стотици бактерии и вируси, па после пандемијата со корона вирусот се поставува прашањето дали е време за промена? Микробиолозите велат дека секој пат кога допираме некоја површина на нашите раце може да се пренесат 50% од живите организми на таа површина. На нашите дланки може да се пренесе салмонела, ешерихија коли, норовирус и респираторни инфекции како аденовирус. А со голед на тоа колку често научниците наоѓаат траги од измет на нашите дланки, нашите хигиенски навики не се толку на завидно ниво.

Се разбира, ништо од тоа што го имаме на дланките не можеме да го видиме со голо око и се потпираме на научниците да ни покажат што се имаме на нашите прсти и раце и што се можеме да си пренесеме еден на друг со обичен допир. Замислете го само ова – потребни се само четири часа за еден вирус од кваката на канцелариска врата да се пренесе на половина од дланките на вработените таму и на половина од површините во канцеларијата, односно на дури 90% од површините во еден дом. Еден вирус во хотел може да се пренесе од соба во соба и понекогаш дури и во конференциските сали.

Сподели!
- Advertisement -