Куче-робот ги опоменува луѓето во Сингапур да држат безбедно растојание едни од други

- Advertisement -

Сингапур најави дека ќе користи кучиња-роботи за во парковите да се почитуваат мерките за физичка дистанција. Станува збор за куче-робот наречено Spot, кое го направи компанијата Boston dynamics, а ќе почне прво да патролира по локалните паркови и со гласовни пораки да ги предупредува граѓаните да ги почитуваат правилата за социјално дистанцирање.

Spot е опремен со камери кои можат да ја скенираат околината и така да им овозможат на властите да го проценат бројот на луѓе во парковите. На основа на тие снимки нема да може да се препознае идентитетот на луѓето, велат од владата на Сингапур.

- Advertisement -

Експериментот ќе трае две недели во еден парк, а ако се помине како што треба, програмата ќе биде проширена на други локации. Сингапур на почетокот на пандемијата со корона вирусот добиваше пофалби за начинот на кој се справува со заразата, но подоцна ситуацијата значително се влоши, па властите одлучија да почнат да применуваат технологија во борбата против пандемијата.

Кучето-робот Spot се користи во локалниот центар за изолација на болни луѓе, каде што доставува лекови на пациентите.

Сподели!
- Advertisement -