Банкротираше втората најстара авиокомпанија во светот

- Advertisement -

Колумбиската авиокомпанија Avianca Holdings, која е втора по големина јужноамериканска авиокомпанија и една од најстарите во светот, поднесе барање за банкротoт откако комулбиската влада не одговорила на нивните барања за помош.

Ако не успеат да излезат од стечај Avianca ќе биде една од првите главни превозници во светот кои пропаднале поради пандемијата на корона вирусот, која предизвика пад на глобалниот авиосообраќај за 90%.

- Advertisement -

Avianca уште од крајот на март не ги одржува редовните патнички летови, а поголем дел од вкупно 20.000 вработени не примаат плата откога почна кризата. Претставник на Aviancа за Reuters изјави дека компанијата уште се обидува да осигура државни кредити.

Сподели!
- Advertisement -