Airbnb отпушта една четвртина од вработените

- Advertisement -

Дигиталната платформа за резервација на сместување Airbnb објави дека че отпушти 25% од вработените затоа што очекуваат годинава приходите за им се преполоват поради негативното влијание на пандемијата врз туристичката индустрија. Отказ ќе добијат околу 1.900 од вкупно 7.500 вработени.

Отпуштените вработени ќе добијат плата за најмалку 14 недели, а компанијата до крајот на годината исто така ќе го покрие и нивното здравствено осигурување за работниците во странство, како и во текот на идните 12месеци за вработените во САД.

- Advertisement -

Airbnb, исто така, ќе ги намали или ќе ги стопира новите проекти, какошто се инвестиции во хотели, луксузни одморалишта и летови. Во текот на годинава компанијата очекува половина од приходите во 2019 година, а можно е падот на приходите да биде уште поголем. Неодамна Airbnb од инвеститорите добија 2 милијарди долари за успешно да ја пребродат кризата.

Засега не може да се каже кога повторно ќе може да се патува, ни како ќе изгледа тоа патување, изјави директорот на Airbnb, Брајан Чески. „Знаеме дека бизнисот на Airbnb целосно ќе закрепне, но промените низ кои ќе помине нема да бидат нисту првремени ниту краткотрајни“ вели Чески.

- Advertisement -

Најавените откази во Airbnb се последниот сигнал дека туристичкиот сектор се подготвува за подолг период на пад на активностите.

Сподели!
- Advertisement -