Милијардерот Ричард Бренсон продава удел во компанијата Virgin Galactic за да собере 500 милиони долари и да ги спаси другите делови од својата империја, вклучувајќи ја и својата авиокомпанија Virgin Atlantic.
Бренсон беше критикуван поради тоа што побара помош од државата за да ја спаси својата авиокомпанија, а сега продава удел во својата компанија за истражување на вселената.
Virgin Atlantic минатата недела соопшто дека ќе отпушти од работа 3.000 работници и ќе ги затвори своите активности на аеродромот Гетвик. Авиоиндустријата е една од најпогодените од пандемијата на корона вирусот, а глобалните патувања се преполовени.
Бренсон е сопственик на 51% удел во авиокомпанијата. Тој во април го понуди својот луксузен остров Некер како колатерал за кредит од владата на Велика Британија, веројатно во вредност од 500 милиони фунти, но преговорите се уште траат.