Сите мерки што треба да ги знаете ако сакате да одите на oдмор во Грција

- Advertisement -

Во обид да се отвори земјата за туристите и да се спаси сезоната среде период на пандемија, Герција воведе неколку протоколи кои е неопходно да се исполнат со цел да се намали загриженоста кај туристите, но и кај локалната заедница.

Грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, ги претстави протоколите за здравје и безбедност како одговор на корона вирусот. Протоколите ги состави грчката влада во соработка со Хеленската национална организација за јавно здравје.

- Advertisement -

Прво што треба да направите за да отпатувате во Грција е да имате негативен тест за корона вирус стар најмалку 72 часа. Без него, нема да можете да патувате. Планот на тамошните власти е патниците да се тестираат во земјата на потекло за потоа безгрижно да патуваат за Грција.

Што се однесува на цената на тестот, во екот на епидемијата беше најавено дека ќе чини 120 до 300 евра, пишуваат грчките медиуми. Министерот за туризам Теохарис вели дека можно е таа цена да падне на 10 евра за брз тест подоцна во текот на летото.

- Advertisement -

Потоа, во авионите за Грција нема да има слободни места. Тие ќе бидат пополнети со цел авиопревозот да биде економски одржлив. За летови од 4 часа на патниците нема да им се сервира храна, туку само спакувани грицки. Туристите ќе можат да ја напуштат земјата без никаква контрола за да се избегне ризикот од задржување на патници во карантин во Грција. Карантинот би можел да ги дестимулира туристите да одлучат да не летуваат во Грција.

Понатаму, секој хотел или друг тип на сместување ќе биде обврзан да најде лекар кој ќе престојува таму или преку телефон ќе може да утврди дали некој туристи треба да биде тестиран за корона вирусот или не. Резултатите од тестовите ќе мора да бидат познати најдоцна за 6 часа. Доколку се утврди дека некој е позитивне на корона вирусот, ќе биде преместен во карантин.

- Advertisement -

Персоналот на секој хотел и сместувачки капацитет ќе мора да помине посебна обука за хигиенски правила. Во хотелите нема да има шведска маса, туку гостите ќе бидат услужувани од страна на персоналот. Лежалките на плажите ќе бидат на безбедно растојание, а ќе бидат покриени со навлаки за еднократна употреба, кои ќе се менуваат за секој гостин.

Како што пренесуваат гречките медиуми, министерот за туризам најави и меѓународни договори со земјите како Бугарија, Израел и Кипар за да се обезбеди слободен премин и враќање на туристите кои патуваат за Грција преку тие земји. За крај, додаваат и дека Грција минатата година остварила 18 милијарди евра приходи ос туризмот, додека годинава оечкуваат да имаат максимум 8 милијарди евра приходи.

Сподели!
- Advertisement -