Турски научници направија брз тест за корона вирус кој дава резултати за 10 секунди

- Advertisement -

Турски научници направија тест за корона вирус кој ја дијагностицира болеста многу брзо и може да ги замени постојните PCR тестови. Системот наречен Diаgnovir дава 99% прецизни резултати за само 10 секунди без потреба за непријатно земање брис од нос. Притоа, турскиот систем за дијагностицирање дава резултати дури и во првата фаза од заразата. Овие научници досега работат и на други проекти за да понудат помош во справувањето со пандемијата.

„Корона вирусот е честичка со размер од 150 нанометри и ние имаме тим кој со години работи на проучување на наночестички. Тоа нивно поле на експертиза. Откако првите случаи на заразени се појавија во Турција тие почнаа да работат на проекти за изработка на уникатна технологија“ изјави професорот Абдула Аталар од Универзитетот Билкент.

- Advertisement -

Уредот Diagnovir на основа на брис земен од уста дава брзи резултати за позитивните случаи, но истражувачите велат дека е потребно малку повеќе време за да се потврдат негативните резултати.

„PCR тестовите можат да дадат точни резултати 2-3 после почетокот на болеста. Нашиот систем го скратува чекањето на неколку секунди и може да даде резултати и во рана фаза од болеста“ истакна професорот Буленд Отрач, виш истражувач кој работел на проектот.

- Advertisement -

Тој додава дека веројатно се потребни уште два месеци за да се почне со масовно производство на овие системи, а чија употреба е одобрена од здравствените власти во Турција.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -