14 C
Skopje
вторник, јуни 2, 2020

Корона вирусот ја зголеми побарувачката на електрични велосипеди и тротинети

Kabtel desktop

Полека се олабавуваат мерките за спречување на ширењето на корона вирусот во светот. Тоа значи дека полека се враќаат и гужвите во јавниот превоз. Во таква ситуација, ако нема пропишано растојание меѓу луѓето и ако не носат маски, се зголемува можноста за пренос на вирусот и повторно ширење на заразата. Едно од реченијата, барем во топлите месеци од годината, е замена на јавниот превоз со велосипеди и тротинети.

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, ги повика луѓето да се вратат на велосипедите сега кога речиси нема сообраќај по патиштата и нагласи дека со тоа ќе го растоварат јавниот превоз. Минатиот месец британската влада најави финансиски пакет од дури 2 милијарди фунти за создавање нова доба за возење велосипед и шетање. Пакетот вклучува и инвестиција од најмалку 250 милиони фунти за изградба на нови велосипедски патеки.

Слични иницијативи се предлагаат и во други земји. Исто така, пандемијата го смени мислењето на луѓето за електричните тротинети, па нивното тестирање наместо на само четири подрачја, иднниот месец ќе се прошири во сите делови од Велика Британија.

Тоа значи дека и побарувачката за електрични велосипеди расте. Тоа го потврдуваат и од некои компании кои произведуваат електрични велосипеди. Според нив, побарувачката за такви велосипеди пораснала за речиси 50% во однос на истиот период минатата година, додека продажбата во Велика Британија пораснала за 184%.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •