Хрватска компанија направи панел за пред врата кој ги дезинфицира обувките

- Advertisement -

Компанијата Grad-Export од Славонија, која е еден од водечките европски производители на декоративни панели за влезните врати, брзо реагираше на тековните промени на пазарот предизвикани од корона вирусот. Така, компанијата пред десетина дена на пазарот пласираше иновативен производ кој сега го бараат сите – тепих или бариера за пред врата кој ги дезинфицира обувките.

„Идејата за бариерата беше моја. Ја разработија соработници во компанијата и што е најбитно, пазарот одлично ја профати“ вели Петар Симиќ, основач, сопственик и директор на Grad-Export.

- Advertisement -

Идејата за производото била поттикната од побарувачката за дезинфекциска и заштитна опрема, но, како што велат, исто така и падот на побарувачката за панели за влезни врати во Хрватска и во регионот за околу 50%.

„Морав да преземам нешто. Во моментот кога изби кризата поради корона вирусот морав да испратам дома 50% од вработените затоа што едноставно немапе работа. Меѓутоа, не сум отпуштил никој од 186 вработени во Grad-Export, а во моментот изработуваме 160 бариери“ вели Симиќ.

- Advertisement -

Досега имаат продадено околу 700 бариери, кои може да се применуваат во сите установи, индустрсии, продавници, домаќинства. Бариерата се состои од вакумиран и профилиран PVC, челично полнење, противлизгачка EPDM гума и прцврстувач.

(фото: Grad Export)

Сподели!
- Advertisement -