Европол: Поради карантинот има се повеќе случаи на злоупотреба на деца на интернет

- Advertisement -

Онлајн злоупотребата на деца во ЕУ се зголеми во текот на пандемијата на корона вирусот, изјави шефицата на Европол, Кетрин де Бол и предупреди дека уште повеќе случаи може да се поjават кога повторно ќе се отворат училиштата и учителите ќе добијат увид во ситуацијата.

Сајбер криминалот се зголеми во текот на пандемијата затоа што луѓето беа приморани да работат од дома и да купуваат онлајн. Но, она што загрижува најмногу е порастот на онлајн активностите на ние кои бараат детска порнографија, изјави директорката на Европол.

- Advertisement -

Де Бол е бивша шефица на белгиската полиција. Таа вели дека педофилските активности кои се пријавени до националните служби на земјите членки на ЕУ покажуваат пораст на пристапот до илегални страници, но и гаснење на повеќе онлајн платформи за размена на детска порнографија. Европол открил и престапници кои знаат како да им пријдат на децата со разговор на дарк вебот, односно делот од интернетот достапен само со специфичен софтвер или авторизација.

Сексуалните престапници се обидуваат да ја експлоатираат изложеноста на децата на интернет додека во текот на пандемијата сите учат онлајн, а понекогаш и преку платформи кои не се соодветно осигурани.

- Advertisement -

„Очекуваме подобар увид во ситуацијата кога децата повторно ќе одат на училиште и ќе разговараат со учителите“ изјави де Бол.

Сподели!
- Advertisement -