Се повеќе луѓе сакаат да работат од дома, а тоа може да го поремети пазарот на труд

- Advertisement -

Иднината која не очекува делумно ќе продолжи да биде под влијание на корона висурот, а една од работите кои на многумина ќе им го сменат животот е начинот на работа. И пред пандемијата некои вработени работеа од дома, некои цело работно време, некои повремено. Но, никогаш досега цели компании не ја вршеле целата работа, или барем дел од работата онлајн, на далечина.

Иако има различни искуства, се покажа дека може да се работи од дома, а домашните канцеларии ќе бидат уште попродуктивни кога децата повторно ќе се вратат на училиште и во градинка, а родителите ќе можат да се посветат само на работата.

- Advertisement -

Дека доаѓаат такви промени најави и Џек Дорси. Вработените во Twitter и Square ќе можат засекогаш да работат од дома ако сакаат, а најмалку до крајот на годината многу вработени во Google, Facebook и други технолошки компании ќе можат да работат на далечина.

Но, тоа создава проблем. Повеќе од една четвртина од вработените во технолошкиот сектор сега сакаат постојано да работат од дома и кога ќе заврши пандемијата. Тоа го покажа истражувањето кое го направи CNBC. Имено, за многумина работата од дома се покажала попродуктивна, а заштедиле и на време кое инаку би го потрошиле на патување.

- Advertisement -

Работењето од дома отвора уште некои можности за вработените, но и за работодавачите. Имено, вработените нема да мора да бараат станови во близина на работното место и ќе можат да работат од кој било крај на светот. Од друга страна, работодавачите, повеќе нема да мора да зависат само од луѓето кои можат да живеат во близина на седиштето на компанијата, туку ќе можат да ги вработат најдобрите таленти од каде било.

Последиците на тие промени и таквиот начин на работа може да се почувствуваат на целиот пазар на труд затоа што технолошките компании со таквите повластувања би ги привлекле најдобрите работници и од другите индустрии. Тоа би резултирало со консолидација на талентите меѓу најголемите технолошки компании и намалување на просечните плати. Накратко, можноста за работа од дома може да предизвика пореметување на пазарот на труд, заклучија аналитичарите на CNBC.

- Advertisement -

Фото – commons.wikimedia

Сподели!
- Advertisement -