Американскиот град Сиетл трајно го укина сообраќајот по 30 километри од улиците

- Advertisement -

Американскиот град Сиетл направи храбар чекор со цел да ги стави на прво место пешаците и велосипедистите откако ќе се вратиме на пост-корона нормален живот. Околу 32 км пулици во градот во рамките на програмата „Stay Healthy Streets” ќе останат трајно затворени за сообраќај со цел да се поттикнат луѓето да практикуваат безбедно социјално дистанцирање. Еколозите ја поддржуваат оваа одлука затоа што значи помала емисија на јаглерод диоксид.

Нашиот брз одговор на предизвците кои ги стави пред нас КОВИД-19 трансформираше многу делови од нашиот град. Некои од нашите одговори ќе бидат долготрајни и ние мора да продолжиме да го градиме нашиот транспортен систем кој ќе им овозможи на луѓето од сите возрасти да возат велосипед и да пешачат во градот“, велат градските власти на Сиетл.

- Advertisement -

Заморот кај граѓаните поради карантинот е најголемата мотивација за преземањето на безбедносни мерки насочени кон граѓаните со цел да се одржи јавното здравје преку поинтензивно вежбање. Не само што се затворени 32 км улици со цел да се поттикне народот на пешачење, џогирање, возење скејтборд, скутери и велосипеди, туку градоначалникот на Сиетл планира да изгради дополнителна инфраструктура и велосипедски патеки.

„Ние трчаме еден маратон, а не спринт против КОВИД -19. Додека правиме проценки кои промени би ги одржале луѓето безбедни и здрави, мора да изградиме подобар Сиетл од претходно. „Safe and Healthy Streets“ е битна алатка за семејствата во соседствата да можат да излезат надвор, да повежбаат и да уживаат во убавото време. На долг рок тие улици ќе станат неизоставен дел од соседствата“, велат од Градот Сиетл.

- Advertisement -

Улиците кои се затворени биле избрани затоа што имаат повеќе отворени простори, помалку приватни автомобили и се лоцирани на места со лесен пристап до основните услуги и каде што има достава на храна. По улиците ќе биде дозволено возење на возила од поштата, возила за достава, камиони за ѓубре, возила на итните служби итн.

Сподели!
- Advertisement -