Како Јапонија го совлада корона вирусот без рестрикции на движење и карантин

- Advertisement -

Бројот на заразени од корона вирусот во Јапонија се намали на само неколку десетини, иако земјата немаше никакви рестриктивни мерки како повеќето останати земји, пишува Blооmberg. На граѓаните на Јапонија не им беа наметнати никакви рестрикции на движењето, дуќаните од ресторани до фризери беа отворени, а немаше ни никакви апликации за следење на движењето на заболените.

Во Јапонија не постои центар за контрола и превенција на болести, а во земјата беа тестирани само 0,2% од популацијата и тоа е една од најмалите бројки во развиените држави. Од корона вирусот починаа помалку од 800 луѓе, а во Токио, кој е едно од најгусто населените подрачја во Јапонија, бројот на новозаразени е главно едноцифрен.

- Advertisement -

Медиумите објавија листа со 42 можни причини поради кои Јапонија беше успешна во борбата против корона вирусот. Меѓу нив има различни фактори – од културата на носење маски, малиот број гојазни луѓе до релативно раната одлука да се затворат училиштата, па дури и претпоставки дека Јапонците при зборувањето поради културните карактеристики испуштаат помалку плунка.

Еден од побитните фактори е дека Јапонија многу брзо почна со барање контакти, а тоа беше возможно бидејќи во јапонските здравствени центри повеќе од половина од медицинските сестри имаат искуство во следење на заразни болести. Јапонија се концентрираше на барање кластери на одделни локации како што се клубовите и болниците, за да се лоцира заразата пред да им излезе од контрола.

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -