Facebook ја претстави својата верзија на онлајн продавница осмислена како едноставен канал за продажба за малите претприемачи. Како што истакнаа во текот на презентацијата, корисниците на оваа социјална мрежа веќе со години ја користат апликацијата на Facebook за купување и продавање.
Додаваат и дека целта им е да им помогнат на малите претприемачи да се прилагодат на трендовите, а на купувачите полесно да ги пронaјдат и да ги купат производите кои им се сопаѓаат, а самиот чин на купување да го доживеат како забава.
Во текот на оваа корона криза малите претприемачи се борат да опстанат и поради затворањето на физичките продавници, многу од нив мора да се преселат онлајн. Facebook, пак, сака да обезбеди едноставно искуство на купување и да ги охрабри сите – од малите претприемачи до глобалните брендови – да ја користат апликацијата за да се поврзат со своите купувачи.
Токму затоа Facebook ја лансира Facebook Shop и инвестира во дополнителни опции во апликацијата. Креирањето на Facebook Shop е едноставно и бесплатно, а претприемачите можат сами да изберат кои произвоид сакаат да ги промовираат и потоа да го прилагодат изгледот и впечатокот за продавницата со избор на насловна фотографија и боја со кои ќе го претстави брендот. Тоа значи дека ссекој што сака да продаде нешто, независно од големината или буџетот, може својата работа да ја пресели онлајн и да се поврзе со купувачите кога и каде што им одговара најмногу.
До Facebook Shop може да се пристапи преку страницата на Facebook или преку профилот на Instagram, а може и да се открие преку story или оглас. Корисникот може да ја прегледа целата колекција, да ги означи и да ги тргне настрана производите кои го интересираат и потоа да направи нарачка на интернет страницата на компанијата. Кѕупувачите во САД, пак, можат да нарачуваат и без да ја напуштат апликацијата ако компанијата ја има вклучено таа опција.
Корисниците во Facebook Shop ќе можат да поставуваат прашања, да побараат поддршка или да го следат движењето на пратката со испраќање порака на WhatsApp, Messenger или Instagram Directa. Во иднина ќе имаат увид во продавницата и можност за нарачка и директно од четот на тие апликации.
Facebook Shopa постапно ќе биде достапен во целиот свет. Летово треб да биде претставен и Instagram Shop. Како што најавија од Facebook, Instagram Shop прво ќе биде достапен во САД, а со тек на време ќе стане достапен пошироко.