Се воведува нов механизам за поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија

- Advertisement -

Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата со Правилник за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19, со кој се воведува нов механизам за поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија во Република Северна Македонија.

Поддршката ќе се реализира преку Јавен конкурс со траење 15 до 30 дена, наменет за микро, мали и средни претпријатија, а финансиската поддршка е структурирана според големината на претпријатието, и тоа: до 0,75 милиони денари за микро, 1,5 милиони за мало и не повеќе од три милиони денари за средно претпријатие, со обезбедено сопствено учество што не може да биде помало од 30% од вкупниот буџет на проектот.

- Advertisement -

За Правилникот обезбедена е согласност од Светската банка, како финансиски партнер во реализација во рамки на Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации.

Сподели!
- Advertisement -