Poimo e првиот електричен скутер на надувување во светот

- Advertisement -

Сте помислиле ли некогаш дека ќе можете да си го складирате скутерот во ранецот и да го извадите кога ќе ви притреба? Иако некој можеби помисли дека тоа е возможно само на цртан филм, не сте во право. Ви го претставуваме Poimo, првиот електричен скутер на надувување во светот.

Скутерот е дизајн на студенти од Универзитетот Токио и истражувачи од компанијата Mercari R4D. Poimo е акроним за Portable and Inflatable Mobility, односно „преносна мобилност на надувување“. Името, всушност, содржи се што претставува скутерот.

- Advertisement -

За помалку од една минута може да имате лесен, електричен скутер, кој ќе го извелечете од вашата чанта или ранец, ќе го надувате и ќе почнете да се возите. Буквално функционира како некоја играчка на надувување за во базен.

Главниот дел од скутерот е направен од термопластичен полиуретан, односно истиот материјал кој се користи за душеци на надувување. Откако ќе се надува, на главниот дел треба да се прикачат предните и задните тркала, моторот, батеријата и безжичниот контролер. Целиот процес на составување на скутерот трае неколку минути.

- Advertisement -

Според креаторите, Poimo тежи 5,5 кг. Скутерот може да издржи максимална тежина од околу 80 кг. Кога ќе пристигнете на крајната дестинација, го издишувате и повторно го враќате во ранец. Креаторите го замислиле како превозно средство за луѓе кои патуваат до работа и назад со воз или автобус и ќе го користат на кратките релации од станица до работа.

Тимот моментално работи на усовршување на дизајнот за да го направат уште полесен и тркалата поиздржливи на нерамни патишта. Исто така, планираат да ги тестираат другите бенефити од уникатниот дизајн како на пример, помалата веројатност дека може да повреди пешак при судир.

Inflatable Electric Scooter

This inflatable electric scooter fits inside a backpack 😮More info: https://bit.ly/2LQVUZw

Posted by Startup Selfie on Вторник, 19 мај 2020
Сподели!
- Advertisement -