Неодамна спроведено истражување во неколку земји од светот покажа дека се повеќе млади жени стануваат јутјубери. Науката, едукацијата и некои други oобласти не ги интересираат толку колку седењето пред компјутер и правењето видеа од себеси додека играат, јадат, додека изведуваат некакви скечеви и сл. На YouTube особено се популарни гејмерите и луѓето со часови седат и ги гледаат во живо или нивните снимени видеа.
Една таква гејмерка е Хамако Мори од Јапонија, но таа не припаѓа во стереотипот кој го споменавме. И таа често останува будна до рано утро играјќи во виртуелните светови од 2015 година досега, кога го стартувала каналот Gamer Grandma.
Се прашувате зошто го избрала баш тоа име? Можеби затоа што има 90 години! Да добро прочитавте, 90-годишната Хамако има речиси 270.000 следбеници, што е доста висока бројка, а некои нејзини видеа се прегледани и повеќе од милион пати. Таа вели дека почнала да игра видеоигри пред 38 години и најмногу ужива додека игра Grand Theft Autо.
Оваа јапонска баба официјално е најстарата гејмерка на YouTube, што е потврдено и во Гинисовата книга на рекорди. „Откако доживеав длабока старост, се повеќе чувствувам дека играњето видеоигри повеќе од кога било порано е вистинскиот избор за мене. Навистина уживам во животот“, вели Хамако во изјава за CNN.
Низ години нејзината колекција на конзоли за играње постојано се зголемувала, но никогаш не верувала дека ќе стане ѕвезда на YouTube. Хамако вели дека за неа видеоигрите отсекогаш биле забавни и сметала дека не е фер во нив да уживаат само децата и младите. Затоа зела џојстик во рака и не го испушта веќе 40 години.
(фото: YouTube)