Научници тврдат дека го пронашле генот одговорен за слабеење

- Advertisement -

Научници веруваат дека откриле ген кој им помага на витките луѓе да останат витки, а тоа потенцијално отвора нови можности во третманите за решавање на проблемот со гојазноста.

Според научното списание Cell, меѓунаорден тим од научници идентификувал генетска варијанта уникатна за витките луѓе позната како ALK ген. Овој ген создава протеин кој се вика анапластична лимфомска киназа, кој е вклучен во растот на клетките.

- Advertisement -

Истражувачите ги прегледале ДНК примероците и клиничките податоци на повеќе од 47.000 здрави луѓе во Естонија на возраст од 20 до 44 години. Тие прегледале и генетски мапи на луѓе со индекс на телесна маса под 18 и ги споредиле со тие на луѓе со нормална тежина и откриле генетска варијанта која е во корелација со виткоста.

Ова откритие укажува на тоа дека различните мутации на гените може да имаат битна улога за виткоста и отпорноста на качувањето килограми. За да го тестираат откритието научниците спровеле експерименти на муви и на глувци. Откриле дека со бришењето на овој ген се намалува телесната маса.

- Advertisement -

Им дале на глувците да јадат брза храна. Обичницте глувци кои го содржеле генот се здебелиле, а тие без ALK останале витки. Меѓутоа, сега е познато и дека мутираниот облик на ALK генот и протеинот може да поттикнат и развој на тумори, се наведува во истражувањето. Мутираните облици на генот се пронајдени кај карцином на бели дробови, анапластичен големоклеточен лимфом и кај рак на мозокот.

Сподели!
- Advertisement -