Лансирана првата апликација со технологија на Apple и Google за следење на контакти во пандемијата на корона вирусот

- Advertisement -

Швајцарија е првата земја во светот која ја искористи приликата и ја употреби заедничката технологија на Google и Apple за да направи сопствена апликација за следење на контакти во пандемијата на корона вирусот.

Припадниците на швајцарската војска, медицинските работници и вработените во јавните инситутции имаат пристап до новата апликација SwissCovid, која наскоро би била достапна и за сите останати жители на Швајцарија.

- Advertisement -

Меѓутоа, околу 1.000 Швајцарци, благодарение на некаква грешка, успеаја да ја симнат апликацијата од Google Play. Имено, пристапот до линкот за преземање на апликацијата требало да биде ограничен само на одредени корисници кои се спремни доброволно да ја тестираат, а наместо тоа некои успеале да дојдат до неовластената апликација пред да помине на гласање во швајцарскиот парламент.

Тоа не е единствената апликација која наскоро би можела да се најде на пазарот. Според информациите кои се достапни, наскоро таква апликација треба да добијат и жителите на Латвија, а на слични апликации работат уште барем десетина држави.

- Advertisement -

Но, не се сите одушевени од технологијата која ја договорија двете најголеми технолошки компании во светот. Имено, за апликациите да работат правилно, односно да ги следат сите контакти на некоја личност, мора да некој начин да дојдат во контакт со паметниот телефон на контактите. Апликациите за следење за таа цел ја користат Bluetooth технологијата на смартфоните. Тоа значи дека Bluetooth опцијата мора постојано да биде вклучена на уредот.

Но, на уредите на Apple тоа не е возможно затоа што во самиот оперативен систем постои ограничување на користењето на Bluetooth ако не се користи апликација за која е потребен. Тоа значи дека ако корисникот нема постојано вклучена апликација за следење на контакти, на уредите на Apple нема баш да функџионира.

- Advertisement -

Додека некои држави се многу скептични во врска со технологијата која ја осмислија и ја договорија Apple и Google, швајцарскиот тим кој ја направи апликацијата SwissCovid има само зборови за пофалба. Тие ситакнуваат дека Bluetooth технологијата не е осмислена за истовремено масовно користење, но инженерите на Google и Apple пронашле начин за да ја користат така.

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -