Половина милион Италијанци ќе останат без работа поради корона вирусот

- Advertisement -

Ковид-19 кризата во Италија ќе резултира со половина милион изгубени работни места, истакнаа од владината агенција за вработување Anpal. Италијанската економија беше тешко погодена од карантинот поради корина вирусот, па италијанскиот БДП се очекува да падне за 8% годинава. Дури и наредните неколку години ќе бидат тешки во однос на нивото на сиромаштија и невработеност во Италија.

Anpal е италијанската национална агенција за активни политики за вработување. Оттасму проценуваат дека годинава 500.000 Италијанци ќе останат без работа. Тие велат дека очеквуаат делумно закрепнување во 2021 година и негативен баланс од 250,000 работни места. Оптимистичките прогнози на Anpal се дека земјата ќе се врати на нивото од пред корона кризата дури во 2023 година.

- Advertisement -

Освен изгубените работни места, еден милион луѓе ќе зависат од банките за храна и хуманитарните организации за да преживеaт.

Сподели!
- Advertisement -