22 C
Skopje
среда, јули 15, 2020

ВИДЕО: Ракетата „Фалкон 9“ на компанијата “Space X” e на пат кон вселенската станица

Kabtel desktop

Ракетата „Фалкон 9“ на компанијата “Space X” беше успешно лансирана вчера во вселената со двајца астронаути на НАСА. Лансирањето од вселенската станица „Кенеди“ во Флорида во 15:22 часот по локално односно 21:22 часот по средноевропско време се смета за историски важен момент затоа што е прв лет на астронаути на НАСА од американско тло, во американско летало во последните девет години.

По 13 минути од лансирањето капсулата се одвои од ракетата и сега лета самостојно до Меѓународната вселенска станица, а се очекува патувањето да трае 19 часа. Во капсулата “Dragon” се двајцата астронаути, Боб Бенкен (49) и Даг Харли (53), кои ќе поминат неколку недели на Меѓународната вселенска станица и ќе му помагаат на екипажот кој веќе се наоѓаат во вселенската лабораторија.

Настанот има дополнително значење затоа што за првпат НАСА соработува со приватна компанија за ваква мисија. „ Space X “, компанијата основана од Илон Маск, соработуваше со НАСА за оваа историска мисија која е првата во која американски астронаути полетуваат од САД од 2011.

Лансирањето се случува од истототом место во Флорида од кое ракетите Аполо тргнаа на мисија на Месечината во 1970-тите.

Видео од НАСА:

Launch Recap: NASA and SpaceX fly Astronauts to the Space Station

In Case You Missed It: For the first time in history, NASA astronauts have launched from American soil in a commercially built and operated American crew spacecraft on its way to the International Space Station. Tune in to NASA TV for continuous coverage as Commercial Crew astronauts Robert Behnken and Douglas Hurley make their way to our orbiting laboratory on May 31: www.nasa.gov/live

Posted by NASA – National Aeronautics and Space Administration on Сабота, 30 мај 2020

Фото – blogs.nasa.gov

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •