Родители, бидете спокојни – карантинот нема да ги уништи социјалните вештини на децата

- Advertisement -

Откако децата се затворени во своите домови и приморани на настава преку YouTube, преку апликации за видеоконференции и преку телевизија, нивните родители се се повеќе загрижени дека поминуваат премногу време пред екран. Родителите се плашат дека социјалните вештини на децата би можеле да заостанат и по враќањето на училиште децата може да станат самотници кои не знаат да разговараат кога се во друштво.

Но, едно истражување направено во САД сигурно ќе ги смири. Баш како што возрасните поради изолацијата и работата од дома не станаа помалку социјални од претходно, ни децата нема да ги изгубат своите социјални вештини, вели истражувањето.

- Advertisement -

Истражувањето го спроведе Државниот универзитет на Охајо, а се фокусира на социјалните вештини на децата на возраст до 11 години. Нивните вештини ги споредувале со вештините на децата пред појавата на Facebook. Резултатите покажале дека децата родени пред појавата на социјалните мрежи и паметните телефони имаат речиси исти социјални вештини како и децата родени во дигиталната доба. Притоа, главниот фокус бил ставен на нивната способност да формираат и да одржуваат пријателства, да се дружат со луѓе кои се поинакви од нив и на самоконтролата.

Истражувачите дури и самите биле изненадени од резултатите кои покажале дека децата родени во 2010 година, кога паметните телефони и Facebook веќе почнуваат да управуваат со нашите животи, всушност, имаат и подобри социјални вештини и самоконтрола од децата родени на крајот на 90-тите години одминатиот век.

Сподели!
- Advertisement -