И жителите на Велика Британија ќе добијат КОВИД пасош

- Advertisement -

Официјалната апликација на британското министерство за здравство NHS App неодамна доби логирање со препознавање лице, со што на корисниците им се олеснува пристапот до опциите кои овозможуваат нарачка на лекови, закажување преглед и увид во медицинските податоци, а во неа може да се провери и дали лицето има корона вирус.

Британскиот државен секретар за здравство, Мет Хенкок, кој и сам го преболе КОВИД-19, уште претходно ја најави можноста граѓаните кои се имуни на корона вирусот да добијат еден вид на пасош кој ќе им го олесни движењето, како што направи Естонија, а според тоа што го пишува BBC, тоа може да стане реална опција која би била дел од апликацијата NHS App за Android и за iPhone.

- Advertisement -

Граѓаните кои го преболеле Корона вирусот и стекнале имунитет во апликацијата може наскоро да имаат еден вид пасош со имунитет. Тоа ќе функционира така што со системот за препознавање лице ќе го отклучуваат својот профил во апликацијата и ќе отворат потврда дека во себе имаат антитела кои ќе оневозможат да се заразат со корона вирусот. Креаторите на апликацијата од компанијата iProov велат дека тоа веќе го понудиле како можност на Министерството за здравство и останува на оваа државна институција да одлучи.

Светската здравствена организација не е одупевена со оваа идеја затоа што сметаат дека уште не постојат 100% докази дека луѓето кои го преболеле КОВИД-19 не можат повторно да се заразат.

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -