Alibaba сака да најми 1 милион инфлуенсери за да ја зголеми продажбата

- Advertisement -

Е-трговецот Alibaba беше пионер во употребата на емитување во живо со цел да продава се – од кармини до смартфони во Кина. Сега гигантот сака да го повтори тој успех на глобално ниво со помош на 1 милион инфлуенсери на форуми од TikTok до Instagram.

AliExpress, онлајн платформата за купувачи надвор од Кина, тргнува во лов на познати личности од социјалните медиуми со цел да ја зголеми продажбата во своите онлајн трговски центри ширум светот. Alibaba сака да најми 1 милион инфлуенсери во текот на наредните три години, а до крајот на годинава има за цел да најде 100.000 инфлуенсери кои ќе им помогнат на брендовите и трговците кои сакаат да ги рекламираат своите производи.

- Advertisement -

Платформата нуди услуга на спојување. односно поврзување на инфлуенсерите со брендовите и трговците. Главниот фокус за почеток е ставен во Европа, каде што Русија, Франција, Шпанија и Полска имааг најмногу корисници на платформата.

Alibaba се надева дека ќе го повтори успехот кој го имаше со онлајн-продавницата Taobao во Кина. „И за Taobao и за AliExpress социјалната содржина е начин за диверзифицирање на понудата, но не за генерирање приходи. Инфлуенсерите ќе им помогнат на корисниците континуирано да ја користат платформата наместо да купат само еднаш. Целта е да се акумулираат корисници, да се задржат таму и да се поттикнат да останат активни“ велат од Alibaba.

- Advertisement -

Најголемата кинеска компанија за е-трговија моментално има само незначителен дел приходи однадвор од Кина, но има големи амбиции за наредните години. Овој потег е дел од последните глобални напори на Alibaba и доаѓа во време кога поради КОВИД-19 има досега невиден бум на социјалните медиуми. Ривалите на компанијата, вклучувајќи го сопственикот на TikTok, ByteDance и Pinduoduo, поддржан од Tencent, го користат емитувањето видеа во живо и другите алатки за трговија кои прв пат ги користеше апликацијата Taobao.

Глобалните гиганти како Facebook исто така додадоа нови опции за онлајн шопинг. Во САД повеќе од 75 милиони корисници на социјалните мрежи на возраст од 14 години нагоре се очекува барем еднаш да купат нешто на Facebook, што е за 17% повеќе од 2019 година. Инфлуенсерите и креаторите на содржини може да се пријават на Connect преку TikTok, Instagram, Facebook и други профили на социјални медиуми.

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -