Burger King направи џиновски круни за луѓето да одржуваат безбедна дистанца додека јадат

- Advertisement -

Со цел да се спречи ширењето на корона вирусот луѓето денес практикуваат социјално дистанцирање. Освен што најголем дел од времето го поминуваме дома, кога сме надвор значи дека мора да одржуваме растојание меѓусебе од најмалку 1 метар. Но, не секогаш знаеме колку е еден метар. Затоа, некои бизниси пронаоѓаат инвентивни начини да го одржат тоа безбедно растојание меѓу потрошувачите.

Така, Burger King претстави посебни круни кои ја имаат таа задача да одржуваат социјална дистанца меѓу потрошувачите. Во сите ресторани во Германија синџирот за брза храна ги зголеми димензиите на неговите познати хартиени круни со цел луѓето што ги носат да бидат на растојание од 1 метар едни од други.

- Advertisement -

Во Италија, пак, Burger King продава посебна верзија на нивниот сендвич Whopper, кој го нарекуваат Social Distancing Whopper затоа што во него има многу повеќе кромид отколку во обичниот. Целта им е непријатниот мирис од здивот на тој што јаде таков сендвич да ги одржува другите околу него на безбедно растoјание.

(фто: Burger King, Twitter)

Сподели!
- Advertisement -