Кинескиот град Вухан, каде што корона вирусот беше детектиран за прв пат, тестираше 10 милиони луѓе во текот на 19-дневната кампања со цел да се провери целиот град. Беа идентификувани само 300 позитивни случаи, од кои ниеден немал никакви симптоми. Не биле откриени други заболени луѓе од вкупно 1.174 блиски контакти на тие што имале позитивни резултати на тестово, што значи дека вирусот не се шири лесно меѓу луѓето.
Ова делува охрабрувачки во време кога светот е загрижен поради зголемувањето на бројот на заразени без симптоми, кои тивко и незабележано можат да ја шират болеста. Нема дефинитивен одговор на пршањето какво ниво на ризик се асимптоматските случаи и досега има спротивстваени резултати на повеќе истражувања.
Овие тестирања помогнаа да се смири населението во Вухан, но и во цела Кина. вухан беше најтешко погодениот кинески град од корона вирусот, каде што бројот на жртви беше дури 80% од вкупниот број на жртви во Кина.
Тестирањето на анселението се извршило во периодот од 14 мај до 1 јуни. Ако ги земеме превид и претходно тестираните жители, ќе испадне дека во овој кинески град се тестирани сите жители на возраст над 5 години биле тестирани.