Маск продолжува со освојувањето на Марс

- Advertisement -

Ова не е време за уживање во историските достигнувања на SpaceX, со чија ракета и капсула американски астронаути беа испратени на Меѓународната вселенска станица. Откако беше архивиран тој дел од мисијата, Маск им испрати имејл на сите вработени во кој ги повикува веднаш и драматично да го забрзаат развојот на новата генерација ракети Starship, наследник на Falcon 9. Нејзниниот развој сега е главен приоритет на компанијата во кој ќе ги пренасочи сите ресурси, освен оние кои се потребни за продолжување на мисијата на Crew Dragon и безбедно враќање на астронаутите на Земјата.

Освен што ќе биде направена за повеќекратна употреба, Starship би требало да овозможи испраќање на дури 100 луѓе по една мисија, односно многу поголема количина товар во однос на Falcon 9.

- Advertisement -

„Мора да го забрзаме напрадокот на Starship“ е една од пораките во имејлот кој го испрати Маск до вработените во SpaceX, кој подоцна некој го сподели и со медиумите. SpaceX досега успешно изврши неколку успешни тестирања со прототипот на Starship, но имаше и неуспеси, како што беше неодамнешната експлозија на последниот прототип од ракеатата.

После успешната мисија до Меѓународната вселенска станица, Маск верува дека дега неговиот тим има повеќе време за развој на новата ракета и од своите луѓе очекува да поминуваат повеќе време во Бока Чика во Мекисканскиот Залив во Тексас, каде што се развиваат и се тестираат прототиповите на ракети. Дел од нив веројатно ќе се преселат во Бока Чика за да се забрза работата на новата ракета која може да донесе револуција не само во вселенските летови, туку можеби и првиот чекор кон тоа луѓето да станат интерпланетарна раса.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wallpaperflare)

Сподели!
- Advertisement -