Заштитете го својот бизнис од корупција

- Advertisement -

Конект ги повикува компаниите  да се приклучат кон заедницата од професионалци кои веруваат дека бизнисот треба да се развива без корупција. Со обуките за интегритет и заштита од корупцијата во бизнис секторот, сега веќе адаптирани онлајн, на компаниите им се овозможува да се стекнат со знаења за нивниот бизнис да стане отпорен на ризиците и да добијат поддршка во отстранување на корупцијата.

Ова е единствена прилика за бесплатна обука бидејќи истата се спроведува во рамки на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Конект и Здружението на даночни советници.

- Advertisement -

За прв пат кај нас бизнисите имаат единствена можност да посетуваат специјализирана обука која ќе им помогне да ја препознаат и да се справат со корупцијата. Целта на програмата е  да ги поддржи заинтересираните компании за тие да можат да воспостават програми и практики за спречување на корупција, етичко управување и усогласеност со прописи. Од Конект ни појаснија дека со завршувањето на обуките учесниците добиваат пристап до платформата www.bezkorupcijа.mk каде можат да добијат дополнителна експертска поддршка.

Програмата за обука ја спроведуваат сертифицирани обучувачи – професионалци од областа на усогласеност од македонски компании кои беа обучени за спрoведување на овие обуки од водечка консултантска компанија од Германија која работи во оваа област.

- Advertisement -

Следниот термин за обуката е 11-12 јуни а сите заинтересирани компании можат да се пријават на овој ЛИНК.   Повеќе информации може да најдете овде или на 02/ 3224 198 како и konekt@konekt.org.mk.

Фото – thebluediamondgallery.com

Сподели!
- Advertisement -