Нема сезонски работници за берење малини во Србија!

- Advertisement -

Сезонските работници одат на работа во странство, а неискусните собирачи газдите не ги сакаат.

Во соседна Србија се бараат работници за собирање на малини, а работодавците нудат дневница обезбедено сместување и храна и дневница од 2.500 до 3.000 динари (oколу 25 евра), што е околу 80.000 динари за еден месец работа, пренесува Вработување.мк.

Работници се бараат во Гуча, Ариље, Пожега, Ваљево и Бајина Башта, Ртари во близина на Чачак и Ртари кај Ужице, а и покрај објавените огласи, работодавците се жалат на слаб интерес. Драган Богдановиќ, претседател на Здружението на малинари „Виламет спас“, уверува дека собирањето на малини не е воопшто тешка работа и дека тоа не е главната причина зошто луѓето одбиваат да се занимаваат со тоа.

- Advertisement -

Собирачите на малини можат да заработат добро, и ако на дневницата од 2.500 динари додадеме сместување и три оброци на ден, тогаш тоа не е воопшто мал приход. Можеби им пречи долгиот работен ден кој трае до 11 часа, како и силното сонце, па поради тоа не сакаат да работат, вели тој.

Србија годишно произведува околу 120.000 тони малини, но оваа година родот е намален за 20 до 30 проценти. Сопствениците на овоштарници во околината на Ариље тврдат дека им требаат многу работници, барем за еден месец работа. Еден од нив е и Раде Н. кој бара работници преку оглас. Им нуди околу 2.500 динари на ден, но и бесплатни оброци и сместување. Досега, вели тој, успеал да пронајде два сезонци, а потребни му се уште најмалку три.

- Advertisement -

Засега во Србија функионира електронски систем за регистрација на сезонски работници во земјоделството преку онлајн платформа за поедноставна регистрација на работниците.

Фото – hippopx.com

Сподели!
- Advertisement -