На европските фанови поважен им е квалитетот на телевизорот отколку добрата атмосфера на натпреварот

- Advertisement -

Новото истражување на “Samsung открива дека иако европските навивачи веруваат дека фудбалот најдобро се доживува во друштво, квалитетот на сликата одредува како и каде ги гледаат големите натпревари

  • Од десет анкетирани европски фудбалски навивачи, девет (91%*) велат дека гледањето спорт во група придонесува за чувство на заедништво, додека речиси половина (47%) наведуваат дека најважно е со кого го гледаат натпреварот.
  • Покрај тоа, осум од десет (84%) анкетирани изјавуваат дека квалитетот на сликата и звукот на нивниот телевизор директно влијае на нивното уживање во натпреварот.
  • Мнозинството европски навивачи сè уште ги гледаат натпреварите дома, со семејството (53 %), пријателите (39 %) или сами (38 %).
  • Речиси седум од десет (69%) фудбалски фанови велат дека почесто би ги посетувале локалните кафулиња и пабови доколку искуството при гледање се подобри.
  • Како што се приближуваме до големото спортско лето, Samsung одбележува 20 години како светски бренд бр. 1 за телевизори и ги приближува навивачите до играта преку подобрена слика и звук, овозможувајќи подобро заедничко искуство при гледањето.

Скопје, 5 мај 2026 година – Додека се приближува големото фудбалско лето, навивачите низ Европа се подготвуваат да ги бодрат своите омилени тимови. Иако многумина ќе навиваат надвор од стадионите, новото истражување на Самсунг (Samsung”) открива дека не секој натпреварувачки ден нуди исто искуство.

Анкетата покажа дека за многу навивачи кои ги гледаат натпреварите во локали, врвен приоритет е квалитетот на сликата на телевизорот (83%), поважен дури и од атмосферата (82%), практичноста на локацијата (79%) и квалитетот на храната и пијалакот (61%).

- Advertisement -

Квалитетно време за дружење или квалитет при гледање?

И покрај јасната желба за заедничко гледање и дружење, квалитетот на самото искуство при гледањето и понатаму спречува многу локали и домови да станат главно место за ваков вид на собири. Всушност, од десет навивачи, осум (84%) велат дека квалитетот на сликата и звукот директно влијае на тоа колку уживаат во важните натпревари.

- Advertisement -

Повеќе од две третини (70%) од фудбалските фанови доживеале некоја форма на пречка додека гледале натпревар во локален објект, вклучувајќи:

  • Блокиран или ограничен агол на гледање: 27%
  • Нејасен или неконзистентен звук на коментаторот: 24%
  • Отсјај или рефлексија од сонце што влијае на видливоста на екранот: 24%
  • Звук кој малку доцни во однос на акцијата на екранот: 23%
  • Недоволна осветленост на екранот за време на дневните натпревари: 20%
  • Потешкотии со јасно следење на топката: 19%

Надминување на разликите во искуството при гледање на натпреварот 

- Advertisement -

Овие проблеми влијаат на тоа каде фановите избираат да гледаат фудбал, поттикнувајќи некои од нив предвреме да ги напуштат локалите, да не се вратат или да заминат од објектот за да најдат подобар телевизор на друго место.

Истовремено, потребата за заедништво останува силна. Повеќето навивачи гледаат големи натпревари заедно, без разлика дали дома со семејството (53%), со пријателите (39%) или кај некој пријател (23%).

Речиси седум од десет (69%) фудбалски фанови изјавиле дека почесто би го посетиле локалното место доколку го подобрат искуството при гледање спорт. Нешто повеќе од три петтини (62%) од анкетираните се чувствуваат горди кога нивниот локал се смета за „главно место“ за гледање натпревари во живо.

Додека навивачите бараат искуства што ги комбинираат атмосферата и квалитетот, јасно е дека повеќето бараат баланс помеѓу квалитетното гледање и духот на заедницата. Истражувањето доаѓа во време кога “Samsung” одбележува 20 години по ред како глобален бренд бр. 1 за телевизори, продолжувајќи да го унапредува искуството при гледање натпревари, без разлика дали сте во локалот или во домот.

За да го одбележи овој јубилеј, “Samsung“ оствари соработка со фудбалската легенда Тјери Анри (Thierry Henry) во рамки на кампањата “Гледај на Sasmung телевизор“ (орг. “Watch it on a Samsung“). Речиси две третини од анкетираните навивачи (65%) изјавиле дека “Samsung” би бил нивниот претпочитан телевизор за гледање фудбалски натпревар.

Анри ќе му помогне на брендот да ги претстави најновите ТВ иновации во рамки на Micro RGB, OLED и Neo QLED линиите, од технологија без отсјај до режимот AI Football и AI Sound Controller Pro функцијата, која им овозможува на корисниците да го прилагодат звукот, како на пример намалување на бучавата од публиката од толпата во позадина, преку серија видео содржини и ексклузивен настан. „Фудбалот ги поврзува луѓето, без разлика дали гледате на стадион, дома или во некој локал. Но, тоа е и игра каде моментите во дел од секундата можат да променат сè, па затоа квалитетот на тоа како гледате е исто толку важен колку и самиот натпревар“, изјави Тјери Анри.

„Со векови фудбалот ги зближува луѓето, создавајќи заеднички моменти за навивачите ширум светот. Но, како што технологијата напредува, така растат и очекувањата. Фановите имаат пристап до највисокиот квалитет при гледање директно од нивните домови или џебови“, сподели Бенџамин Браун (Benjamin Braun), Главен директор за маркетинг во “Samsung” за Европа.

„Иако потребата за заедништво сè уште постои, таа не смее да биде на сметка на квалитетот на сликата и звукот. Затоа во Samsung се фокусираме на испорака на искуства поткрепени со вештачка интелигенција (AI) кои го овозможуваат најдобриот можен квалитет при гледање, без разлика каде ќе уживаат во ‘прекрасната игра’.“

За повеќе информации за најновата палета на телевизори на “Samsung” телевизори, посетете ја страницата: https://www.samsung.com/mk/tvs/

- Advertisement -