Уметноста на флексибилното живеење: Како телевизорот The Frame на Samsung се прилагодува на модерните домови оваа есен

- Advertisement -

Со доаѓањето на есента и престојот во затворени простории, флексибилниот дизајн на технологијата, кој се вклопува во ентериерот на домот, може да придонесе секој простор да изгледа пријатно, топло и смирувачко – место каде што навистина уживате да го поминувате времето.

Есента го враќа животот во домот. Пократките денови значат повеќе вечери поминати во гледање филмови, заеднички оброци, слушање музика и дружење дома, честопати во истите простории.

- Advertisement -

Според истражувањето на „Lifestyle Lab“ – дел од тимот за корисничко искуство (CX) на Самсунг („Samsung“) кој го проучува однесувањето на европските потрошувачи со цел да обезбеди деловни сознанија – речиси две третини од Европејците (65%) гледаат телевизија во дневната соба, додека 52% ја користат за дружење, 53% за слушање музика, а 49% за јадење и пиење. Модерниот дизајн на домовите исто така значи дека повеќе од една петтина (21%) од Европејците живеат во домови каде што кујната и дневната соба се дел од отворен простор, при што собите повеќе не се дизајнирани исклучиво за една одредена активност.

Ова ги менува очекувањата на луѓето во однос на нивниот ентериер. Мебелот треба да биде флексибилен, технологијата треба да биде внимателно вклопена, а секој елемент мора да функционира во склад со просторијата во текот на целиот ден.

- Advertisement -

Дизајниран за простории со повеќенаменска улога

Токму оваа идеја го инспирираше создавањето на телевизорот The Frame од „Samsung“. The Frame ги спојува забавата и дизајнот на ентериер, што значи дека телевизорот повеќе не е само црна кутија во средината на просторијата. Кога сакате да гледате програма, тој нуди извонредно доживување какво што и се очекува од водечката светска компанија за телевизори. Кога екранот не се користи, режимот „Art Mode“ прикажува внимателно одбрани уметнички дела или лични фотографии, овозможувајќи му на уредот да остане дел од просторот наместо да биде само празен екран.

- Advertisement -

Неговиот тенок профил, инспириран од рамка за слика, и приспособливите рамки му овозможуваат природно да се вклопи со мебелот, осветлувањето и декоративните предмети. Технологијата без отсјај (Glare-Free) ги намалува рефлексиите, овозможувајќи уметничките дела да останат јасни и привлечни додека амбиентот во просторијата се менува од светли есенски попладневни часови кон вечери со пригушено домашно осветлување.

Оваа флексибилност е особено корисна во домови со отворен концепт, каде што кујната, трпезаријата и дневната соба треба да делуваат како поврзана целина. Уметничките дела можат да ја надополнат целокупната палета на бои во просторијата, помагајќи да се создаде ускладена позадина додека просторот се трансформира од место за готвење и јадење во простор за дружење и забава.

Технологија што го надополнува ентериерот

Како што собите добиваат повеќе функции, визуелната смиреност станува сè поважна. Речиси две третини од Европејците (63%) велат дека новиот голем апарат не треба да биде толку голем што ќе доминира во животниот простор. Ова гледиште одразува пошироко очекување дека домашната технологија ќе обезбеди функционалност без да го оптовари дизајнот на ентериерот.

Промислениот дизајн на The Frame ја минимизира доминацијата на традиционалниот телевизор во дневната соба со комбинирање на две улоги во една. За уште почиста естетика, The Frame Pro има Wireless One Connect, овозможувајќи други уреди како што се сет-топ боксови, играчки конзоли и медиа плеери да бидат безжично поврзани и позиционирани подалеку од екранот. Ова создава чист животен простор околу естетски пријатниот телевизор Frame и му овозможува на главниот животен простор да остане мирен и уреден.

Неговиот прилагодлив дизајн, исто така, му овозможува на The Frame да работи надвор од главната дневна област. Личните фотографии можат да внесат топлина во семејниот простор, смирувачката уметност може да ја омекне спалната соба, а ненаметливите парчиња можат да помогнат во преминот на домашната канцеларија надвор од работното време.

Сезонско освежување без целосно преуредување

За оние што се селат, преместуваат мебел во собата или едноставно сакаат да го освежат просторот за есента, промената на уметничките дела е лесен начин за создавање нова атмосфера.

Преку Samsung Art Store, сопствениците на домови можат да изберат дела што одговараат на сезоната – од пејзажи и мртва природа до богати апстрактни дела во топли, земјени тонови. Прикажаните слики можат да се менуваат во зависност од просторијата, годишното време или расположението, без потреба од целосно преуредување на ентериерот.

Како што животот се префрла во затворени простории, најубавите, најпријатните и најопуштачките катчиња – оние во кои навистина ќе сакате да поминувате време – ќе бидат токму оние што се прилагодуваат на различните намени на современиот дом, без притоа да го изгубат својот стил. Спојувајќи ги уметноста и забавата во еден внимателно осмислен дизајн, телевизорот The Frame му помага на домот лесно да се прилагоди на различните моменти од секојдневниот живот.

За да дознаете повеќе, посетете ја веб-страница на Samsung и истражете ја Samsung Art Store за уметнички дела и идеи што одговараат на вашиот простор.

- Advertisement -